Солар Спектар АГ
Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетен инженеринг, набавка и изведба на фотонапонски соларни централи.

Имајќи ја потребната експертиза компанијата работи во следните области
- Изведба на електрични централи од обновливи извори на енергија;
- Одржување на фотонапонски соларни централи;
- Проектирање на трафостаници за централи од обновливи извори на енергија;
- Заштеда на електрична енергија;
- Мониторирање на фотонапонски соларни централи;
- Софтвер за енергетски менаџмент;
- Изработка на физибилити студии во софтверски пакет PV Sol Premium од Valentin GmbH;
- Изведба и инсталација на соларни пумпни станици (потпони и површински) за наводнување на земјоделски земјишта во места без енергетски приклучок;
- Изведба и инсталација на системи за греење на топла вода преку фотонапонски панели со паметни греачи;
Наши вредности
- Прецизна идентификација за потребите на нашите клиенти;
- Прецизно и комплетно информирање на нашите клиенти пред и после завршување на проектот;
- Детална изработка на проекти и проценки и извонредба изведба;
- Обезбедување на системи со висока технологија и доверливост;
- Нашите високо обучени луѓе инспирираат доверба и гарантираат за нашите квалитети;
