Консултантски услуги (Консалтинг)

Компанијата нуди комплет услуги по принципот "клуч на рака" за целокупната потребна документација потребна за фотонапонските централи во зависност од типот на централа. Посредување при апликација на документацијата се до потпишување на завршниот договор со компанијата која ќе го врши откупот на електрична енергија. Изработка на повеќе технички решенија со кое се овозможува клиентот (инвеститорот) правилно да избере кое техничко решение ќе биде најповолно и најдобро за него, со што се добива најдобар финансиски поврат на вложените средства.

Услуги (сервис)

Компанијата останува сервис партнер на нашите клиенти и по завршување на обврските кон Нашите клиенти. Создадената доверба не завршува со самото пуштање во работа на фотонапонската централа, истата продолжува и за време на функционалната работа каде комплетно се грижиме за перформансите на централата. Ние сме Ваш долготраен партнер на долги патеки со што сме гарант за Вашата инвестиција.