Солар Спектар АГ

Солар Спектар АГ е брзо растечка компанија која е основана во 2011 година со единствена цел дејствување во областа на обновливи извори на енергија главно во изведба на решенија за фотонапонски соларни централи. Инженерскиот кадар во компанијата е комплетно обучен во Германија и ги поседува сите потребни сертификати за квалитетен инженеринг, набавка и изведба на фотонапонски соларни централи.

Имајќи ја потребната експертиза компанијата работи во следните области

  • Изведба на електрични централи од обновливи извори на енергија;
  • Одржување на фотонапонски соларни централи;
  • Проектирање на трафостаници за централи од обновливи извори на енергија;
  • Заштеда на електрична енергија;
  • Мониторирање на фотонапонски соларни централи;
  • Софтвер за енергетски менаџмент;
  • Изработка на физибилити студии во софтверски пакет PV Sol Premium од Valentin GmbH;
  • Изведба и инсталација на соларни пумпни станици (потпони и површински) за наводнување на земјоделски земјишта во места без енергетски приклучок;
  • Изведба и инсталација на системи за греење на топла вода преку фотонапонски панели со паметни греачи;

Наши вредности

  • Прецизна идентификација за потребите на нашите клиенти;
  • Прецизно и комплетно информирање на нашите клиенти пред и после завршување на проектот;
  • Детална изработка на проекти и проценки и извонредба изведба;
  • Обезбедување на системи со висока технологија и доверливост;
  • Нашите високо обучени луѓе инспирираат доверба и гарантираат за нашите квалитети;